Не можам да го замислам Федерер како излегува и се опива

339

Прославениот чилеански тенисер Марсело Риос е воодушевен од животот на Швајцарецот Роже Федерер. Риос, кој е поранешен светски тениски рекет број еден зборуваше за Федерер, но и за Австралиевот Ник Кирјос и Италијанецот Фаби Фоњини.

Тој истакана дека го сака стилот на играње тенис на Австралиецот и Италијанецот, додека нивниот начин на однесување на теренот е незамислив за Швајцарецот.

-Не можам да го замислам Федерер како излегува навечер и ужива да пие. Јас пиев алкохол и излегував и нормално не можев така секој ден, изјави Риос и додаде:

-Го сакам она што го гледам кај Кирјос и Фоњини. Денеска го фрлате рекетот на теренот и во следната секунда сте казнети. Тенисот има премногу правила.

Риос не ја заобиколи ниту темата со пандемијата со коронавирусот, и ги критикуваше САД заради одредени одлуки.

-Имам многу почитувања и стравови. Не сум подготвен да умрам. Она што се случува е ретко, бидејќи САД се најзаразените, а таму работат сите шопинг – молови. Не можам да замислам како толку толку големи места може да бидат отворени со толку позитивни случаи на коронавирусот, заврши Риос.

Во САД има убедливо најмногу заразени со Ковид – 19, нешто повеќе од два милиона.