Има место за Ентрериос во Нант  

62

Тренерот на францускиот ракометен клуб Нант,  Алберто Ентрериос, јавно го повика својот брат Раул во Франција, ако не добие понуда за нов договор од Барселона.

-Ако Раул не го сакаат во Барса, добредојден е во Нант. Но, мислам дека неговата иднина е поврзана со Барселона, вели тренерот на најдонриот македонски ракометар Кире Лазаров во Нант.

Шпанецот го наследи Тиери Анти на клупата на европскиот вицешампион во сезоната 2018/19 и заврши на второто место во прекинатиот шампионат на Франција.

Кире Лазаров заедно со Алберто Ентрериос играше во Сиудад Реал, а ја делеше соблекувалната со неговиот брат Раул во Барса.