Не е шега: Владата навистина објави конкурс за пилоти

123

Министерството за одбрана вчера распиша конкурс за вработување на идни пилоти во Армијата.

Во конкурсот се наведува дека се бараат осум слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата.

„Подготвени сте да станете идни пилоти во Армијата? Го објавивме новиот Конкурс. Доколку сте помлади од 28 години и имате завршено прв циклус на студии, пријавете се“, стои во објавата на министерството за одбрана, која министерката Радмила Шекеринска ја објави на нејзиниот твитер-профил.

Пред десетина дена во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, жител на Арачиново зборуваше за проблемите кои ги имаат жителите на скопско Арачиново и за нереализираните ветувања. Еден од соговорниците во емисијата рече дека власта им ветила дека ќе бидат вработени 300 пилоти од Арачиново, посочувајќи го тоа како една од најголемите лаги што им била ветена.

Подоцна премиерот Зоран Заев рече дека такво ветување немало и оти државата нема потреба од 300 пилоти.

„Дефинитивно не сме ветиле 300 пилоти. Сме ветиле работи за кои постојат пилот-проекти, појасни тогаш премиерот.