Нема нафта за тие што ќе ја ограничат цената, порача Москва

88

Русија нема да испорачува нафта на земјите кои ќе воведат ограничување на цените, кажа потпретседателот на руската влада, Александар Новак.

„Русија повторно го потврди својот статус на доверлив снабдувач со енергија. Не планираме да испорачуваме нафта на земји кои ќе ги ограничат цените“, кажа Новак.

Новак посочи дека ограничување на цените може да донесе само до дефицит и проблеми во снабдувањето.