НЕГОТИНО ХУМАН ГРАД – никнаа црвени паркинг места за донации, средствата ќе одат во хуманитарни цели

47
Хуманитарни паркинг места за донации доби Неготино, по претходно донесена одлука на Советот на општината, информираа попладнево од неготинската локална самоуправа. Со оваа одлука се дозволува обележување на три паркинг места за донација, обезбедените финансиски средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
– Паркинг местата за донација се обележани со црвена боја. На две локации во централното градско подрачје.  одбележани се три паркинг места за хуманитарни цели. Сите собрани финансиски средства за паркирање на овие паркинг места, чија цена, патем, е иста со цената на секое друго паркинг место, ќе бидат наменети за лица или семејства од општината, на кои финансиската поддршка им е најпотребна, појаснија од Општината.
Одлуката за тоа каде ќе се наменуваат средствата, ќе ја носи Советот на општината Неготино.