На производство на струја оди 96.6 % од потрошениот јаглен

58

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2018 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 870 057 МWh електрична енергија, 34.197 мил. нм3 природен гас, 570 244 тони јаглен и 83 528 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70.9 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.6 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.