Најмногу тргуваме со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

58

Вкупната вредност на извозот на стоки од нашата држава во 2017 година, изнесува 309 048 850 илјади денари и бележи пораст од 14.3 % во однос на истиот период од претходната година, пока<уваат дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, Според ДЗС, вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 420 859 860 илјади денари, што е за 10.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 111 811 010 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2017, изнесува 73.4 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, необработувани повеќе од топловаланите со ширина од 600 мм или повеќе, намотани.

Во периодот јануари – декември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.