Началникот на швајцарската полиција укажува:Можни немири во случај на прекин на струја

186
Швајцарците би можеле да направат немири доколку во текот на зимата се прекине снабдувањето со електрична енергија, изјави началникот на швајцарската полиција Фреди Фаслер.
„Прекинувањето на електричната енергија би имало сериозни последици. Морате да замислите ситуација кога повеќе не можете да земате пари од банкомат, да плаќате со картички во продавница или да наполните гориво на пумпите, а греалките да не работат“, вели Фаслер.
Според неговите зборови, во тој случај би можело да се замисли дека народот ќе се побуни.
Тој посочува дека не смета дека тоа може да се случи, туку дека надлежните треба да бидат подготвени за најлошите можни исходи.
Фаслер додава дека Швајцарија активно се подготвува за закана од прекини на струја во текот на зимата и дека испораката на електрична енергија е во центарот на вниманието на властите.