Надал се откажа од мастерсот во Мајами

92

Повредата на коленото што ја почувствува на синоќешниот меч против Хачанов го исплаши Рафа Надал и веднаш презеде мерки.

Уште не се знае дали ќе излезе на мегдан со Федерер вечерва, а веќе стигна информацијата дека нема да настапи на мастерсот во Мајами кој почнува претстојната недела. Тоа е последен турнир на тврда подлога по што следува сезонава на земја која Надал никако не би сакал да ја пропушти и максимално сериозно се подготвува за неа.

Без разлика како ќе заврши неговиот настап на Индијан Велс, тој веќе е во добивка од најмалку 180 бода бидејќи лани не играше на овој мастерс исто како и во Мајами.