Извлечени групите за СП во Кина

82

Денеска беше одржана ждрепката за Светското кошаркарско првенство во Кина, па конечно дознавме како ќе изгледаат групите.

Србија и Црна Гора преку квалификациите успеаја да се пласираат на Мундобаскетот, а Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија својот пат го завршија во квалификацискиот циклус.

Црногорците се во тешка група со Грција, Нов Зеланд и Бразил, додека Србија помина подобро и ќе игра против Ангола, Филипини и Италија.

Група А: Брегот на Слоновата коска, Полска, Венецуела, Кина
Група Б: Русија, Аргентина, Јужна Кореја, Нигерија
Група Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис
Група Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија
Група Е: Турција, Чешка, САД, Јапонија
Група Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора
Група Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан
Група Х: Канада, Сенегал, Литванија, Австралија