Расизмот денес е главна тема во светот, пред сè затоа што добиваме многу шокантни приказни на спортисти кои доживеале некакви непријатности на овој или оној начин.

Со една таква се соочил и канадскиот хокеар, Марк Фрејзер, кој за тамошните медиуми изјави дека во минатото бил злоупотребуван на расна основа.

Триесет и тригодишниот Фрејзер е хокеј играч со потекло од Јамајка, кој е роден во Отава, Канада, а неговиот дедо е првиот човек со темна кожа што дипломирал таму на правен факултет.

Во кариерата Фрејзер играше Њујорк Џерзи Девилс, Торонто Мејпл Лифс и Едмонтон Ојлдерс во НХЛ, а во моментов е во германскиот тим Шванингер Вајл Вингс.

  • Кога имав 14 години, еден човек од трибините ми викаше да се вратам во Африка. Кога наполнив 17 години, ми велеа: „Ти си црнец, оди играј кошарка.“ Знаете, пред три години еден генерален менаџер го праша капитенот на НХЛ тимот дали црнец би ја нарушил атмосферата во тимот. Овие работи не се лесни за споменување, истакна Марк Фрејзер.