Многумина се запрашале колкава е заработувачката на лицата кои ги најавуваат борбите во УФЦ? Ако се водиме според легендарниот најавувач, Брус Бафер, тогаш можеме да констатираме дека заработувачката на овие лица е огромна.

Познатиот Бафер за секој натпревар на најпрестижната светска манифестација при УФЦ заработува од 60.000 до 100.000 долари. Се проценува дека тој заработил околу над 10 милиони „зелени“ банкноти во својата кариера. Бафер беше едно од главните лица на настанот УФЦ 250, на кој главната борба се одржа помеѓу Аманда Њунез и Фелисија Спенсер.

  • Многу е тешко да се каже кој е најдобриот ММА борец во историјата затоа што има навистина одлични. Ако ги погледнете овие активни, мислам дека Аманда Њунез е најдобрата женска борачка и нејзините резултати го покажуваат тоа, истакна пред борбата  Бафер.

Интересно е што неговиот полубрат е исто така познат во овој бизнис, а станува збор за Мајкл Бафер, кој е најплатен најавувач на боксерските натпревари. Брус долго време не знае дела е во блиска врска со Мајкл.