Ковачевски официјално го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ, побара свикување Конгрес и организирање внатрепартиски избори

105

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин, и согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати.

Согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот.

– Нема поголемо задоволство да работиш воден од социјалдемократските вредности во кои веруваш од најмлади години. Но, исто така, нема поголемо задоволство кога знаеш дека си дал се од себе за земјата во која си родени и која ја сакаш –  напиша меѓу другото Ковачевски.