Нашата пејачка Ивона, која е препознатлива по својот специфично убав глас носејќи секогаш со себе блескава насмевка и ширејќи позитивна енергија, особено се истакна по натпреварувањето во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ каде жирито беше засенето од нејзиниот настап и, секако, гласот и убавината. Од тогаш публиката откако ја виде уште повеќе ја засака така што таа сега има многубројни настапи, а некогаш настапува со одредени групи како што е и групата Корд.

Ивона од настапон на Ѕвездите на Гранд

Но, сите ние сонуваме за одредени нешта, посакуваме да ни се остварат одредени работи особено сега за Нова година. Иако Ивона вели дека сите ние како мали сме научени дека можеме да добиеме минимално, дека живееме во лошо време и треба да си ја знаеме границата на што таа го даде следново:

– Не сакав да го прифатам тоа, па силно ги посакував работите и на крајот од денот, неделата или месецот ги добивав – изјави пејачката за Вечер.

Ивона додека пее во студио

А, што мислите, дали Ивона верува во Дедо Мраз и кој е нејзиниот Дедо Мраз. Нашата Ивона иако е млада сепак многу зрело размислува што е доказ и дека освен што ја бидува за пеење таа е и многу паметна девојка.

– Уште како мала сфатив дека Дедо Мраз е само мит. Мојот Дедо Мраз се моите блиски кои сакаат празниците да ги направат ведри и убави. Но никогаш не се радував толку многу на подароците, колку што се радував на еуфоријата пред Нова година. Целиот град светеше, целата куќа беше во различни бои. Паметам дека недела дена пред 31.12 знаев што ќе носам за вечерта, како ќе се нашминкам. Некои ноќи не можев да спијам затоа што едвај чекав да дојде денот 31 –  изјави Ивона за нашиот весник.

Во студиото на Пинк ТВ

Додека пак сега не дека не се радува, но сè е многу поразлично. Така, оваа Нова година таа за време на дневната забава ќе ги забавува луѓето, додека пак вечерта ќе ја помине на забава составена од близок круг на луѓе затоа што сега веќе пораснала.

А која желба таа ја посакува?

– Постојано како мала ја слушав мајка ми како пред било која желба да ја каже првин бара здравје. И ден-денес тоа силно го посакувам и јас. Посакувам мир, спокој, љубов и многу здравје. Сите останати материјални нешта, многу лесно можам да ги остварам – кажа Ивона за Вечер.

Освен тоа, таа ни порача дека треба да внимаваме што посакуваме затоа што за празниците желбите се исполнуваат.

 М.А