ЗИМАТА НИ ТРОПА НА ВРАТА! Пристигнува првиот снег

19177

Во својата најнова прогноза, српскиот метеоролог Иван Ристиќ најави дека ќе започне вистинска есен,а во планинските предели се очекува и првиот снег.

– Како што најавив, наеднаш се се смени. Нема веројатно затоплување на повидок. Започнува вистинската есен, блиску ни е границата на потопол и постуден воздух кој ќе предизвика многу врнежи, дожд во пониските предели и најверојатно прв снег во планинските предели – објави метеорологот Ристиќ.

Студен фронт се спушта кон Балканот: Подготовките за зима почнуваат следната недела

Тој претходно најави дека доаѓа неочекуван пресврт и дека „зимата ни тропа на врата“.

„Следната недела облачно, повремено со дожд и постудено, како зимата да ни тропа на врата. Неочекуван пресврт, околу 18 и 19 октомври највисоката дневна температура до 12 степени.

 

Нè очекува долга и студена зима: Еве кога ќе падне и првиот снег