Екоакција за чистење на „Китино кале“ во Кичево

125

Во Кичево се спроведе екоакција во организација на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), во парк-шумата во центарот на градот „Китино кале“.

– Со денешната екоакција, му го вративме сјајот на калето. Го исчистивме делот околу спомен-костурницата и просторот каде што се организираат културни настани. Со оваа акција сакаме да ја подигнеме еколошката свест и општествената одговорност кај населението – рече Виктор Алексоски, претседател на локалниот клуб на СДММ во Кичево.

Во екоакција, покрај младите од СДСМ, се приклучија и други граѓани и љубители на природата.