Дац и Митевски после “Корона чао“, сега пеат македонска “Јовано, Јованке“ со четири красни Б’лгарки

145

Прво се појавија на фестивалот „Охрид фест“, па потоа на „Макфест“ со „Уште ми фалиш“, а деновиве нивната музичка приказна продолжува со обработката на безвременската македонска народна песна „Јовано, Јованке“ и тоа како соработка со четири згодни Бугарки од „Дестини квартет“. Реакциите во соседна Бугарија се фантастични.

“Јовано, Јованке” е создадена на релација Скопје – Рим – Софија, со многу љубов! Да! За љубовта – да шириме позитивна енергија! Да! За уметноста – да создаваме нешта кои ќе се паметат! Да! За “Љубовниот пасош” – за кој не постојат граници! Само со Destiny Quartet Александар и Дац, порачуваат Дац и Митевски.

Единствено да си посакаме, никаде никогаш да не сретнеме да прочитаме или да слушнеме дека “Јовано, Јованке“ била бугарска песна. Тоа е македонска песна која е омилена и на просторите во Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и која и таму се пее на македонски јазик.

Да се потсетиме дека Драган Спасов и Александар Митевски со обработка на легендарната „Корона чао“ (од италијанската партизанска “Бела чао“) во времето на полицискиот час, го испровоцираа дури Бојко Борисов, а ги направи и популарни да бидат во Бугарија. Дац во тоа време му напиша и писмо на Борисов.

– Ви пишувам на мојот јазик затоа што знам дека добро се разбираме и за нашите два јазика немаме потреба од преведувач. Господине Борисов, кај нас првиот комшија е како роднина. Кај него одиш да побараш помош во секое време, а и тој го прави истото кога ќе му затреба нешто… На тоа добија одговор од Борисов која песната за корона во нивната изведба си ја пушташе често во својот автомобил.  Д.М.