Во четвртиот квартал лани со воз превезени 64 000 патници, 149.536 со авион

39

Во четвртиот квартал лани во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 692 илјади, во градско-приградскиот  9 312 000, во железничкиот 64 000, а во воздухопловниот превоз 149 536, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртото  тримесечје од 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 6,8  проценти, во железничкиот превоз е намаленo за 8,7 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 5,3  проценти