„Големиот брат“: Русин во Украина украл надзорна камера и ја поставил во својот стан, сите гледаат што прави/ВИДЕО

591
Фото: screenshot twitter

За време на воените дејствија, Русин украл надзорна камера во Лиман, Украина, ја однел назад во Русија, поточно во Бурјатија и ја поставил во својот стан.

Но, не се сетил да ја ресетира камерата, па сега поранешниот сопственик на камерата гледа се што се случува во неговиот стан. На социјалните мрежи сега се шират видеа од случувањата во станот на Русот, откако прв ги објави украинскиот блогер Јан Гордиенко.

Тој вели дека Русинот ја украл камерата од куќата на неговите пријатели, кои биле многу изненадени кога сфатиле дека камерата повторно почнала да работи. Така сега секој ден имаат увид во секојдневието на непознат Русин и неговото семејство, кои целосно не се свесни дека живеат како во Големиот брат.