Во завршна фаза доградбата на училиштето во во Хром

51

За само три месеци, доградбата на училиштето во Хром влегува во завршна фаза.

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, изградени се 7 училници, 2 кабинети за наставниците , 6 тоалети од кои 2 за децата со посебни потреби, а ПООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ќе биде биде едно од ретките училишта каде е поставен лифт кој овозможува вертикална пристапност.

Целосно ќе се промени и енергенсот на загревање. Од екстра лесно масло за горење, училиштето ќе се загрева преку топлинска енергија од системот на топлификација.