Ваучери, лотарија, автомобили, подароци…: Како земјите мотивираат за вакцинација?

96

Иако научниците развија високо ефективни вакцини за коронавирус во рекордно време, бројот на вакцинирани во некои земји и понатаму е неочекувано мал. Од друга страна, постојат примери на земји кои успеале да вакцинираат до 80 проценти од населението со двете дози. Какви тактики користеа земјите за да го зголемат бројот на имунизирани граѓани и да ги убедат неодлучните?

Жрепка за автомобил

Иако Русија беше прва во светот што регистрираше вакцина против корона, среде третиот бран во јули, стапката на вакцинација во таа земја беше многу ниска – само околу 19 проценти. Руските власти се обидоа на различни начини да ги мотивираат граѓаните да ја примат вакцината – од награди до парични казни и закани за отпуштање.

Во јули, московските власти наредија задолжителна вакцинација на најмалку 60 проценти од персоналот во услужните индустрии, од угостителство до сместување и превоз. Со цел да се мотивираат граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, сите оние кои ја примиле првата доза од вакцината до 11 јули, беа вклучени во ждрепката за петте автомобили што се доделуваа секоја недела.

Подарок картички

Шведските научници тестираа дали финансиските стимулации можат да ги поттикнат граѓаните да се вакцинираат против коронавирус. Подарок картичка е една од четирите тестирани техники. Очигледно, оваа тактика даде позитивни резултати. Во Шведска денес, 65 проценти од населението е вакцинирано со двете дози, поради што оваа земја ги укина сите мерки.

Лотарија и ваучери за оброк

Романските власти се надеваа дека ваучерите за оброк во вредност од околу 20 евра и можноста да учествуваат во лотаријата со парични награди ќе бидат поттик за граѓаните да се вакцинираат против корона. Тамошната влада донесе итен декрет кој им овозможи на вакцинираните да добијат ваучери за оброк, но се чини дека оваа мерка не ги натера граѓаните да тргнат кон местата за вакцинација. Во Романија, само 28,30 проценти од граѓаните ги примиле двете дози и 1,7 проценти ја примиле првата доза, што ја става оваа земја на дното на листата на вакцинирани во Европа.

Брашно и јајца како подарок во Кина, лотарии во САД

Во текот на летото, Кина се обиде со подароци да ги мотивира граѓаните да се вакцинираат. По првата доза на вакцината во некои делови од најнаселената земја во светот, граѓаните добија подароци како јајца и брашно, како и ваучери за пазарење, но и билети за кино.

На другиот крај на светот, Америка се обидуваше да го зголеми бројот на вакцинирани луѓе со наградни игри и лотарии. Износот на наградите варираше од милион до неколку милиони долари, а во некои земји беа поделени „утешни награди“ од 250.000 долари. Листата на награди вклучуваше и школарина, авионски билети, потоа билети за спортски натпревари, подарок картички…

Привилегии за одење на фризер

Германија ова лето објави дека сите оние кои ќе одлучат да се вакцинираат ќе добијат одредени бенефиции. Така, за време на строгото заклучување, таа објави дека со доказ за вакцинација, граѓаните ќе можат да одат на фризер, во зоолошка градина и дека нема да мора да одат во карантин и да се тестираат кога ќе дојдат во Германија. Во тоа време, правилото за максималниот број лица на кои им е дозволено да се соберат на настан, како и правилата поврзани со полициски час, не важеше за вакцинираните.

150 евра за патување

Во Грција, дигиталната дебитна картичка во вредност од 150 евра, наречена „слободен премин“, им беше дадена на младите луѓе на возраст од 18 до 25 години како поттик за вакцинација. Важи до крајот на оваа година и може да се користи за патувања и културни активности. Грција воведе задолжителна вакцинација за сите здравствени работници.

Бонус за млади

Како и Обединетото Кралство, Ирска има ниски стапки на вакцинација. Најмалку вакцинирани имало меѓу младите луѓе, поради што парламентот и предложи на владата да плати 150 евра бонуси со цел да ги охрабри младите да се вакцинираат.

Извор. Нова.рс