Бројот на повредени во експлозијата во руската фабрика зголемен на 79

198

Бројот на повредени во експлозиите во фабриката за експлозиви „Кристал“ во рускиот град Џержинск се зголеми на 79 лица, соопшти денеска руското Министерство за здравство.

Медицинска помош побарале 38 вработени во фабриката и 41 локален жител.

Вкупно 15 лица се задржани во болница, а состојбата на еден од нив е сериозна.

Неколку експлозии утрово одекнаа во фабрика за производство на ТНТ во регионот Нижњи Новгород.

Во експлозиите се искршени прозорите на околу 180 станбени згради во близина на фабриката, јавија локалните медиуми.

Во тек е истрага дали дошло до кршење на индустриските безбедносни прописи во фабриката.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека пожарот, кој избувнал после експлозиите, е ставен под контрола.