Ова јадење потекнува од Северна Африка, но сега е омилено јадење и за појадок и за ручек и за вечера во Израел. Шакшука е заситна, здрава, неверојатно лесна за подготовка и – сите состојки ги има кај нас.

Потребно е:

  • 2-3 лажци маслиново масло
  • 3 чешниња лук, столчени
  • 1 лажици доматно пире
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажиче ким
  • 250-300 г конзервиран сечкан домат
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • 3-4 големи јајца
  • свеж магданос
  • фета сирење (по желба)
  • лепиња или друг вид препечен леб за сервирање

Подготовка:

Ставете го маслото во тавче (нека биде малку подлабоко) и загрејте на средна температура. Додадете го лукот и нека се пропржи 1 минута. Додадете го доматното пире и зачините и гответе 3-4 минути додека да замириса убаво.

Сега додадете ги сечканите домати и гответе на средна температура уште 15-20 минути.

Кога сосот малку ќе се згусне, скршете ги јајцата во одвоени чинивчиња и потоа полека истурете ги во доматниот сос (внимавајте да не пукнат жолчките!). Покријте со капак и гответе уште 3-5 минути додека белките да се зготват, а жолчките можете да оставите сосема да се сварат или да бидат малку живи.

Кога ќе бидат готови и јајцата, потурете малку сечкан магданос (или нане или оригано) и ставете фета сирење одозгора.

Послужете со свежа лепиња или препечени лепчиња.