Бизарниот тренд продолжува: Меланија Трамп доби комична статуа во родната Словенија
Првата дама на САД, Меланија Трамп, во местото Рожно, кај Кршко во Словенија, нејзината родна земја, доби статуа направена од дрво. Но, статуата воопшто не личи на Меланија, туку само е продолжение на бизарниот тренд на претставување на јавни личности, како статуата на Роналдо, Мајкл Џексон, Џони Деп...Многу Словенци дошле да ја видат, а заедничкиот коментар е дека повеќе потсетува на Штрумфета од серијата „Штрумфови“.