Топлото време е непријател на убавите нозе, бидејќи тогаш најмногу отекуваат. Тоа не е само естетски, туку и здравствен проблем. За да го ублажите, пробајте најпрво со природни лекови.

Ви предлагаме да направите пријатна купка од листови од дрво на праска.

Земете 100 грама листови или цветови од праска (сега можете да користите листови, бидејќи е сезона), ставете ги во лавор и прелијте ги со врела вода. Некоа отстои некое време. Кога водата ќе се олади, потопете ги нозете во купката.

Држете го колку можете подолго, најдобро еден час, за нозете сосема да се опуштат, а отокот да се повлече. Помешајте ја водата од купката со шолја јаболков оцет и со тоа натопете памучни чорапи. Облечете ги и така држете ги уште десетина минути. Навистина ќе почувствувате олеснување во нозете.