Атман го пропушта СП

58

По проценка на медицинскиот тим одлучено е Павел Атман да не патува на Светското првенство во Германија. Тој за време на подготовките ја обнови повредата на скочниот зглоб, па така ќе мора да го пропушти Мундијалот.

Како замена за искусниот Атман најверојатно ќе биде повикан Максим Михалин. За потсетување Русија на Мундијалот се наоѓа во групата А каде што се уште и Франција, Германија, Србија, Бразил и Јужна Кореја.

Атман е уште една ѕвезда во низа за која СП во Германија и Данска ќе остане посиромашно. Секако најзвучно име кое ќе остане дома е Французинот Никола Карабатиќ.