Канадската тенисерка Бјанка Андреску нема да ја брани титулата на Отвореното тениско првенство на САД. Со оваа одлука Андреску му се придружи на шампионот во машка конкуренција Шпанецот Рафаел Надал, кој пред една недела исто така го откажа настапот на турнирот во Њујорк.

-Имаав бројни предизвици, вклучувајќи ја и пандемијата со коронавирусот која ја загрози мојата способност да се припремама и натпреварувам на највисоко ниво, напиша Андреску на социјалните мрежи.

Канаѓанката е четврта тенисерка од првите седум на ВТА листата која го откажа настапот на САД Опен. Покрај Андреску, од турнирот се повлекоа Ешли Барти, Елена Свитолина и Кики Бертенс.

Ваквиот развој на настаните на жрнскиот турнир и одговара на Американаката Серена Вилијамс која ја лови својата 24. грен слем титула со цел да се изедначи со рекордот на Маргарет Корт.

Отвореното тениско првенство на САД стартува на 31. август и ќе трае до 13. септември, а потоа почнува сезоната на земјена подлога.