Најновите информации кои пристигнаа од Франција, потенцијално го загрозија одржувањето на грен слем турнирот – Ролан Гарос. Француските власти објавија дека заради ситуацијата со коронавирусот е забрането собирање од преку 5.000 луѓе на едно место до крајот на октомври.

Ваквите мерки требаше да бидат укинати до 31. август, но тие беа продолжени и сега ќе го зафати и Ролан Гарос, кој треба да стартува на 27. септември.

Меѓутоа во соопштението од властите се наведува и дека во одредени ситуации и на одредени настани ќе биде дозволено прекорачување на бројакта од 5.000 посетители.

-Се уште сме во блиска соработка со француските власти, се вели во пораката што организаторите ја објавија на друштвената прежа „Твитер.“

Според неофивијални информации, Тениската федерација на Франција планира да го одржи турнирот до ограничен број на посетители кои ќе мора постојано да носат маски и да ги почитуваат другите здравствени и безбедносни протоколи.

На овој турнир главна ѕвезда е Рафаел Надал, кој досега осови 12. титули. Тој е и актуелен шампион на турнирот, а за да ја брани титулата се откажа од настапот на САд Опен, каде исто така беше бранител на трофејот.