Ѓоковиќ го гледаат како непријател број 1, а тој е спортист каков што ретко се раѓа

283

Црногорскиот кошаркар кој настапува во НБА тимот Орландо Меџик, Никола Вучевиќ зборуваше за неправедниот став кој го завземаа многумина кон светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер во светот беше организатор на хуманитарниот турнир Адрија Тур, на кој со коронавирусот се заразија неколку учесници, како и самиот тој и неговата сопруга Јелена.

  • Грдо беше како некои се однесуваа кон Ѓоковиќ. Тој со најдобри намери се обидуваше да ги организира турнирите. Него му беа дадени погрешни информации за тоа каква е состојбата со коронавирусот на Балканот. Тој со најдобри намери се обиде да им помогне на тенисерите и на луѓето да им донесе нешто, со оглед на тоа што целиот свет беше блокиран. Луѓето можеа да излезат од дома, да ги видат најдобрите тенисери во светот и да се релаксираат малку од целата ситуација. Намерата беше да се соберат пари во добротворни цели и да им се помогне на тенисерите. Меѓутоа се заразија неколку од учесниците. Во ред, може да се каже дека тоа било грешка, но начинот на кој луѓето реагираа кон Новак беше како да е тој непријател број еден во светот. Мене тоа никако не ми беше јасно, особено кога ќе се види што Новак направи за Балканот, изјави Вучевиќ и додаде:
  • Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата на балканските простори. Тој е одличен амбасадор, особено за Србија. Но, луѓето повторно имаа толку многу негативни коментари за него и тоа воопшто не ми е јасно. Тој е спортист каков што се раѓа еднаш во кој знае колку години. За мене е нејасно како може нешто да му се замери на него, изјави Црногорецот.

Во меѓувреме 17 – от грен слем шампион го потврди учеството на грен слем турнирот САД Опен кој ќе стартува на 31 август. На истиот турнир нема да учествува бранителот на титулата Шпанецот Рафаел Надал, како и најтрофејбиот тенисер на сите времиња Швајцарецот Роже Федерер.

  • Мило ми е што можам да потврдам дека ќе играм во Њујорк. Не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука, бидејќи  имам многи пречки и предизвици од сите страни. Но радосен сум што ќе можам да се натпреварувам на тирнирот. Свесен сиум дека овој пат се ќе биде поинаку заради големиот број на протоколи поради безбедносните мерки поради пандемијата со коронавирусот, изјави Србинот.