Џонатан слави роденден, и тоа не кој било: Најстарото копнено животно на светот наполни 191 година/видео

229
Фото:скриншот/Гинисова книга на рекорди

Најстарото копнено животно на светот – џиновската желка од Сејшели по име Џонатан.

Се проценува дека годината на раѓање на Џонатан е 1832 година.

Роден е пред пронаоѓањето на поштенски марки, телефони и фотографија.

Џонатан не е само најстарото копнено животно во светот, туку и најстариот цефалопод – вид на влекачи, досега евидентиран.

На островот Света Елена тој е национално богатство, што се појавува на локалната монета од пет пени.

Сега слеп и без сетило за мирис, деновите ги минува слободно шетајќи по земјиштето на куќата на гувернерот.

„Џонатан е во добра здравствена состојба и сите сегашни индикации ни даваат надеж дека ќе живее во својот трет век – ако веќе не живеел“, изјави неговиот ветеринар Џо Холинс за Гинисовата книга на рекорди.

Неговата возраст е проценка, врз основа на фактот дека тој бил целосно зрел (најмалку 50 години) кога пристигнал на островот во 1882 година.

„Луѓето често не прашуваат за датумот на роденденот на Џонатан. Одговорот е дека не знаеме“, се вели на веб-страницата на островот Света Јелена.