Џоди Фостер за малку ќе се удавела на снимањето на „True Detective“: „Бев ужасно исплашена“

139

Неодамна на платформата HBO Max и на HBO каналите беше прикажана последната, шеста епизода од четвртата сезона на серијата „True Detective“. Веднаш потоа беше потврдено снимањето на петтата сезона. Главната улога во четвртиот дел, началникот на полицијата на Алјаска, ја имаше Џоди Фостер, а познатата оскаровка во интервју за магазинот GQ откри дека за малку ќе се удавела додека ја снимала сцената во која паѓа во морето, откако мразот се крши под неа.

„Тоа беше страшен ден. Тие изградија голем резервоар за вода. Моите чизми и јакна беа тешки, се што беше на мене ми тежеше и морав да паднам во вода. Беше целосно темно, не смеев да носам контактни леќи, па не можев да видам ништо“, открила актерката и додала:

„Се беше затворено освен мал простор на површината, а јас не знаев како да излезам на површина. Бидејќи облеката и обувките ми тежеа, не можев, иако се трудев. Кога извикуваа: „Сечи“, нуркачот мораше да дојде до мене и да ме извлече на површината, бидејќи не можев да го најдам делот каде што требаше да испливам. Бев ужасно исплашена“.

Ова не е прв пат актерката да се најде во ваква ситуација. Таа неодамна откри дека можела да го загуби животот на снимањето на нејзиниот прв филм.