Џеј Рамадановски во песната „Недела“ пее за своето тажно сиромашно детство

1042

Легендарниот пејач Џеј Рамадановски почина точно пред три години, а таа недела кога физички замина на оној свет, во медиумите, се разбира, беа објавувани тажни текстови за него. Но се спомнува(ше) и неговото потекло од Македонија, кога родителите на идниот пејач заминуваат од овие краеви и потоа продолжуваат со животот во Србија. Таму се раѓа малиот Џеј. Во Србија направил голема пејачка кариера, а по неговата смрт, тој останува да се памти по неговите хитови, како и по силната харизма. Многу негови колеги пејачи тогаш се збогуваа од Џеј.

Пејачот имаше бурно минато, особено бурно но и сиромашно детство. Најголем дел го поминал во воспитно-поправен дом, но не се знаеше дека токму во тој дом се роди еден од неговите најголеми хитови „Недела“.

Всушност, песната е автобиографска, објавена во 1991 година, а пред смртта самиот Џеј, гостувајќи во една емисија раскажа сè за нејзината историја и тажното минато според кое таа настанала.

-Во тоа време, кога работев со Фута, мажот на Марина Туцаковиќ, недостигаше некој добар рефрен. И токму Марина беше таа која го напиша тој судбоносниот рефрен. Јас на Марина пред тоа ѝ го прераскажав мојот тежок живот од воспитно-поправниот дом. Таа потоа како вистински талентирана за пишување текстови за десетина минути го напиша тој текст кој ја одбележа мојата кариера.

Во песната се вели „Недела е и сите сте тука, само мене ме нема“. А, тоа е вистина, дека сите дома беа заедно во недела попладне на заеднички ручек, само јас не бев со нив, бидејќи бев во поправен дом. Сè другото е историја. Песната-балада постигна огромен успех, зборуваше тогаш Џеј.

Во меѓувреме снимен е филмот за Џеј Рамадановски според текстот на песната.        Што се вели, ништо не е случајно.  Д.М.