Џесика Хокинс (28) е првата жена од 2018 година која седна зад воланот на болид на Формула 1. Возачот од Англија извозе 26 круга со болидот на Астон Мартин на патеката Хунгароринг, која е и домаќин на шампионатот во Ф1. По тест-возењето, таа изјави дека ги остварила своите соништа.
- Вложив многу пот, солзи и крв за да стигнам до овој момент. Не ми се верува дека оваа тајна ја чував со месеци, беше многу тешко, но вредеше. Ништо не може да се спореди со забрзувањето и сопирањето на Ф1 болид и многу сум горда на моето возење откако ги видов бројките. Го исполнив мојот сон и сега продолжувам понатаму. Сакам да инспирирам други жени, нека си ги следат соништата, истакна Џесика Хокинс.