Ќе се стави во функција градскиот базен во Крива Паланка

15

Ставање во функција на градскиот базен во Крива Паланка, продолжување на пливачката школа за најмладите кривопаланчани од сите училишта и клубови, ватерполо школа и формирање прв ватерполо женски клуб се планираат од ватерполо клубот „Крива Река” со кој денеска е потпишан официјалниот договор за стопанисување со градскиот базен.

Стопанисувањето е во период од десет години, а ВК „Крива Река” најави дека се очекува веќе од ова лето базенот да биде главно летно катче за сите генерации паланчанки и паланчани, со предвидено изнаоѓање алтернативни за затоплување на водата во базенот, функционални содржини за повеќе спортски активности и привлекување посетители од соседството и од регионот.