Градскиот парк пошумен со 200 садници црн бор

41

СОЗШУ „Ѓорче Петров“, во соработка со Општина Кавадарци, спроведе акција за пошумување на градскиот парк „Љупчо Шкартов“.

Како што информираат од Општина Кавадарци, пошумувањето е извршено со 200 садници црн бор, во горниот дел од паркот.

Оттаму додаваат дека и во наредниот период ќе се продолжи со исто темпо.