Со средства од над 7 милиони денари, фирмата „МГИ Инвест ЛТД“ од Скопје ќе треба во рок од 3 месеци ќе треба да ја изгради летната сцена спроти Сточарскиот инстититут во вториот дел од Градскиот парк. Работите се планира да започнат за две недели.
Станува збор за летна сцена од околу 8 илјади квадратни метри со капацитет на на гледалиштето и на сите трибини со седење за околу 250 лица
Наменета е за концерти со поголема публика. Според проектот што го изработија од Архитектонски факултет, сцената може да биде во легната, но и во исправена положба и тогаш таа е соодветна за кино проекции или театарски сценски настапи со 64 места за седење.
Од јужната страна ќе има паркинг за велосипеди со пренамена на неколку паркинг места за автомобили. На трибините и на коцките за седење ќе се вградат лед-светилки. Ќе има и фонтана за пиење вода како група од осум чешми. Таа ќе има и посебни места од кои вода можат да пијат домашни миленици.
Од Град Скопје велат дека избран е изведувач само за сцената спроти Сточарски институт, бидејќи набавката за втората сцена во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“ била поништена поради некомплетна документација на понудувачите.
(А.П.)