Облачно со повремен дожд и ветер и утре – од недела се враќа сонцето

101

Времето утре ќе биде претежно облачно. Претпладне ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен дозасилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневните температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од нула до 9 степени, а дневните од 6 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето утре ќе биде облачно. Претпладне ќе има повремен локален дожд и ќе дува умерен дозасилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 10 степени.