Започна постапката за изградба на нови детски градинки во Трубарево и Инџиково.
Од Општина Гази Баба информираат дека откако претходно ги завршиле урбанистичко – планските промени и утврдиле точни локации за изградба на новите детски градинки, Советот на Oпштина Гази Баба на последната седница донел Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште.
-Во Општина Гази Баба немаше урбанистичко – планска документација за изградба на ниту една нова детска градинка, а денес по две години со интензивна работа подготвени сме да започнеме со изградба на нови детски градинки на три локации во општината.