Дарко Димитров на Инстаграм се „пофали“ дека неговата ќерка Лара матурирала. Тој објави прекрасна семејна фотографија од денот на прославата, а фановите имаа прилика да погледнат каков стајлинг одбраа двете ќерки Лара и Мона, како и сопругата Маја за овој важен ден.
Лара и мајка си се надополнуваа во бели фустани – Маја носеше фустан со „балон“ крој, додека Лара за нејзиниот посебен ден одбра фустан кој ја прати нејзината витка фигура. Доминантната бела боја на фотографијата ја разби ќерката Мона, која носеше црно фустанче надополнето со тексас јакна.
Дарко добро се носеше со женскиот „табор“, во лежерно-елегантен младешки аутфит.
Гости на семејната прослава беа Роберт Билбилов и неговата девојка Лејла Рамковска.
View this post on Instagram
View this post on Instagram