ЊУЈОРК ТОНЕ: Луѓе пливаат по улиците, канализацијата се прелеа – сцените се нереални/ВИДЕО

992
Printscreen

Њујорк е во вонредна состојба поради поплавите предизвикани од невремето, а по една недела претежно постојан силен дожд, канализацијата се прелеа, сообраќајот на метрото во најнаселениот град во САД беше нарушен и многу улици се претворија во мали езера.

Во некои делови од градот наврнаа и до 20 сантиметри дожд, а повеќе врнежи се очекуваат во текот на денот, објавија метеоролозите, пренесува Би-би-си.

Многу училишта, градското метро, ​​улици и автопати беа поплавени, додека најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гвардија беше затворен во текот на денот.

На меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди забележани се скоро 20 сантиметри дожд, што е рекордна вредност од 1948 година, пренесува Си-ен-ен.

„Ова е невреме опасно по живот. Прогласувам вонредна состојба за Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон поради екстремните врнежи што се случуваат низ целиот регион“, изјави гувернерката Кети Хочул во петокот на платформата Икс (Твитер).

Таа го повика населението да преземе чекори за сопствената безбедност и „да не се обидува да патува по поплавените патишта“.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс ги предупреди луѓето дека сега е време за „засилена будност и екстремна претпазливост“ бидејќи е воведена вонредна состојба.
Поплавите предизвикаа големи прекини на системот на метрото во Њујорк и на приградската железничка линија Метро Норт, при што некои линии на метрото беа целосно суспендирани и многу станици затворени.

„Некои од линиите на метрото се поплавени и е исклучително тешко да се движите низ градот“, изјави градоначалникот на Њујорк на прес-конференција, пренесе Би-би-си.
Полициската управа на Њујорк, исто така, најави повеќекратно затворање на патишта и соопшти дека е распоредена Националната гарда.

Адамс во петокот вечерта изјави дека имало 15 спасувања со автомобили и три спасувања во подрумот.

Водата, исто така, поплави 150 од 1.400 училишта во Њујорк, кои останаа отворени, изјави претставникот на училиштето во Њујорк Дејвид Бенкс на прес-конференција, според Си-Ен-Ен.

Засега нема пријавени загинати или сериозни повреди поврзани со невремето.

Вонредна состојба е прогласена и во градот Хобокен, Њу Џерси, преку реката Хадсон.

Според Националната метеоролошка служба, Њујорк до сега овој месец добил речиси 16 инчи дожд, што го прави највлажниот септември од 1882 година.