ЈСП бара возачи – од Синдикатот велат дека недостигаат стотина

1065

– Причина што се одлеваат возачи од ЈСП се нискиот личен доход и добрите понуди од регионот и од западноевропските држави. Одлевањето започна пред пандемијата, кога заминаа дел во Малта и во Германија. Тие први ги отворија вратите. Во Хрватска и во Словенија, возачите се со двојно повисоки плати откај нас – нагласи синдикалецот  Миќо Стојановски.

Од ЈСП, до затворањето на весникот, не одговорија колку возачи бараат со огласот, со колку возачи располагаат во моментов и колку им недостигаат 

 

Јавното  сообраќајно претпријатие „Скопје“ бара возачи.

На веб-страницата на претпријaтието е распишан оглас во кој не е наведено колку возачи се бараат, но стои дека треба да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), да бидат флексибилни за работа во смени, професионално да се однесуваат, да имаат возачка дозвола Д- категорија, со правосилна судска пресуда да не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или  должност и да имаат работно искуство од минимум две години.

Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на ЈСП при Сојузот на синдикатите на Македонија, вели дека не знае колку возачи се бараат со огласот, но оти е сигурно дека на ЈСП му недостигаат над 100 возачи.

– Причина што се одлеваат возачи од ЈСП се нискиот личен доход и добрите понуди од регионот и од западноевропските држави. Одлевањето започна пред пандемијата, кога заминаа дел во Малта и во Германија. Тие први ги отворија вратите. Во Хрватска и во Словенија, возачите се со двојно повисоки плати откај нас – нагласи Стојановски.     

Од ЈСП, до затворањето на весникот, не одговорија колку возачи бараат со огласот, со колку возачи располагаат во моментов и колку им недостигаат.

Условите во огласот предвидуваат работно време од 40 часа неделно, организирано во три, односно во четири смени (двосменски и двократно) и тој распоред директно зависи од возниот ред на соодветната линија, додека паузата е во зависност од возниот ред на секоја линија. Тие имаат право на бенефициран стаж.

(А.П.)