Српскиот кошаркарски центар, Никола Јокиќ, собори уште еден рекорд во НБА лигата. На натпреварот против Вашингтон, го предводеше својот Денвер до победа од 130:110 со нов трипл-дабл од 21 поен, 19 скокови и 15 асистенции.

Со ови бројки тој стана првиот кошаркар кој запишал над 20 поени, 15+ асистенции и 15+ скокови со беспрекорен шут од поле (100%). Тоа беше негов четврти трипл-дабл во кариерата без промашен шут од поле, соборувајќи го рекордот што претходно го делеше со Вилт Чембрлен.

Во последните 40 години, само Дрејмонд Грин има една повеќе таква партија, но не со вакви остварувања.

Чембрлен сè уште го држи рекордот по број на поени во трипл-дабл без промашување – 42. Тоа е следниот предизвик пред двократниот МВП, Никола Јокиќ.