Пред почетокот на новата сезона во НБА лигата, која стартува за нешто повеќе од еден месец, американскиот „CBS Sports“ го објави своето традиционално рангирање на најдобрите кошаркари во најсилната лига во светот. За прв пат на врвот на листата се најде Никола Јокиќ, откако ги предводеше Денвер до шампионската круна, а тука се и Лука Дончиќ кој е четврти.

На листата на „ESPN“, второто место му припадна на Јанис Адетокумбо, кој лани беше прворангиран, а по него е Стеф Кари. Во Топ 5 се и Лука Дончиќ и Кевин Дурант. Во пресрет на својата 21-ва сезона, Леброн Џејмс отпадна од ТОП 10 за прв пат од почетокот на неговата професионална кариера и се најде на 12-тото место.

По Јокиќ, Јанис и Дончиќ, најдоброрангиран Европеец е Литванецот Домантас Сабонис на 34. место, додека во топ 50 влегоа и Финецот Лаури Марканен, Германецот Франц Вагнер и Летонецот Кристапс Порзингис. Неодамнешниот МВП на Светското првенство, Денис Шредер, не влезе ниту во ТОП 100, но тука е првото име на овогодинешниот драфт Виктор Вембањама, кој е 58-ми без ниту една секунда одиграна во НБА.