На УФЦ-настанот 232, кој беше обележан со неверојатниот нокаут на Аманда Рибас, се случи прилично бизарен детаљ. Аргентинката Ајлин Перез победи против Луси Пудилова, прославувајќи го својот голем триумф на необичен начин – со заводлив танц на работ од октагонот, кој многумина го зедоа како нејзино зло.

Мечот во Лас Вегас го следеше и нејзиниот син и навивачите на ММА сметаат дека нејзиното однесување не било соодветно за децата на трибините. Според коментарите оставени под фотографиите и видеата што ги сподели Перез на социјалните мрежи, може да се забележат многу навивачи што ѝ замеруваат. Најчесто ѝ оставаат навредливи пораки за однесувањето, но има и такви што тврдат дека нејзиниот син ќе биде жртва на насилство штом ќе порасне.

Поради нешто послободното однесување, како и поради тоа што има профил на сајтот за возрасни „Onlyfans“, обожавателите на ММА веруваат дека пријателите на нејзиниот син во иднина ќе дознаат што прави таа.

„Што правиш пред твојот син?“, „Ги видов твоите фотографии на кои си разголена!“, „Дали му дозволуваш на син ти да гледа слики од веб-страници за возрасни?“ и „Вие ќе бидете виновна за тоа што детето ќе биде жртва на насилство и за неговите трауми“ се само дел од коментарите што ги оставија шокираните навивачи на инстаграм-профилот на Ајлин.