Младиот руски ракометен репрезентативец Сергеј Косоротов, во следните две сезони ќе го носи дресот на полскиот вицешампион Висла Плок. Неговата одлука е помалку чудна, бидејќи можеше да го облече и дерсот на каталонскиот гигант Барселона.

За Косоротов (21) беа заинтересирани челниците на каталонскиот гигант, кои ги видоа неговите квалитети на Светското првенство во Египет, во јануари годинава.

Изборот на рускиот бек сигурно ќе изненади многумина, но од друга страна ова е  потврда на информациите дека Барса не плаќа многу (разбирливо со исклучоци) и дека доста подобро може да се заработи во клубови од централно-источниот дел на Европа.