Без вода утре дел од скопската улица „Христо Татарчев”

58

Поради дефект на приклучна цевка ф-80 милиметри на улица „Христо Татарчев“ 10, прекин во водоснабдување утре ќе имаат корисниците на дел од истата улица од броевите 1 до 50, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот, па до завршување со санација на дефектот, информираат од градскиот водовод.