ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО РАСТОТ НА ИНФЛАЦИЈАТА? Нови вести од Европската централна банка

117

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека нема јасни показатели дека базичната инфлација го достигнала својот врв и додаде дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи.

Во говорот на банкарска конференција во Хановер, таа го привлече вниманието на прекините во синџирот на снабдување по пандемијата на коронавирус.

Таа потсети дека растот на инфлацијата забрза на почетокот на 2022 година и дека во јули 2022 година почнаа да ги зголемуваат каматните стапки.

Таа додаде дека инфлацијата се уште е многу висока и така ќе остане уште долго време.

„Затоа мораме да продолжиме со циклусот на зголемување на стапката додека не бидеме доволно уверени дека инфлацијата ќе достигне задоволително ниво“, рече Лагард.