Шпанците горди на последното археолошко откритие: Пронајдени најстарите чевли во Европа

723

Научниците велат дека ги пронашле најстарите чевли во Европа, сандали од слама за кои се смета дека се стари околу 6.000 години.

Сандалите се пронајдени меѓу дрвени предмети во пештерата на лилјаци во Шпанија, ограбени од рудари во 19 век, но се анализирани во нова студија.

Ниската влажност и студените ветрови во пештерата ги одржале невообичаено добро сочувани.

Истражувачите го анализираа и комплетот алатки.

Пронајдените предмети „се најстариот и најдобро зачуваниот состав на материјали од растителни влакна во јужна Европа досега“, рече коавторот на студијата Марија Хереро Отал.

„Технолошката разновидност и документираниот третман на суровините ја истакнуваат вештината на луѓето од праисториските заедници“, додаде таа.

Техниките што ги користеле праисториските луѓе покажале дека колекцијата од 76 предмети пронајдени во пештерата е околу 2.000 години постара отколку што се мислело.

Некои предмети кои се пронајдени се стари повеќе од 9.000 години.

Анализираните сандали биле направени од различен вид трева, велат истражувачите, но во нивното производство биле користени и кожа и вар.

Тие датираат од неолитот, што ги прави постари од кожените чевли стари 5.500 години, пронајдени во една пештера во Ерменија во 2008 година.

Пештерата во која се пронајдени сандалите стари 6.000 години се нарекува Куева де ло Мурсјелагос или Пештерата на лилјаците во Андалусија, југозападна Шпанија.

Според истражувањето на оваа студија, во пештерата прв пат влегол во 1831 година  земјопоседник кој собирал измет од лилјаци, кои се користеле за правење ѓубриво.

Помалку од две децении подоцна, рударите, додека ја ископувале пештерата, откриле галерија со делумно мумифицирани трупови, корпи, дрвени алатки и, меѓу другото, заби од диви свињи и уникатна златна дијадема.