Шок по испразнетата сметка: 88-годишна Италијанка завршила од болница откако добила сметка за вода од 15.000 евра

415

Италијанка (88) добила сметка за вода од 15.000 евра, по што и се слошило и завршила на одделението за интензивна нега, јави Раи њуз.

Банката веќе префрлила половина од парите за сметката на водостопанство бидејќи жената претходно дала дозвола за директно подигање пари од жиро сметката. Се претпоставува дека грешката настанала поради неисправен броило или грешка во пресметката.

Семејството на 88-годишната Италијанка размислува да ангажира адвокат за да ја поправи грешката. Велат дека пензионерката за периодот од август до октомври требало да плати само 55 евра.

„Ќе разговараме што ќе правиме. Ова не смее да се повтори“, рекол братот на 88-годишната жена.

„Многу ни е жал за она што се случи. Веднаш почнавме со потребните проверки и стапивме во контакт со семејството на госпоѓата. Потврдено е дека сметката од над 15.000 евра е неточна бидејќи била пресметана врз основа на погрешно фотографско отчитување на броилото. Ја укинавме неточната сметка и фактуриравме реална потрошувачка во вкупен износ од 55 евра“, велат од водоводното претпријатие.