Шкендија доби лекција и од Борец

77

И новајлијата во елитното друштво, тимот на Борец од Велес, се покажа како непремостлива пречка за актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија. Погодокот вреден три бода, постигнат во 80 минута беше дело на хрватскиот интернационалец Никола Прелчец, а во 19 минута, напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими, не реализира удар од белата точка.

Резултати: РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1:2, БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 1:0, СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКУПИ 1:1, СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:4. УТРЕ: РЕНОВА – ВАРДАР.Табела: Академија Пандев 10, Македонија ЃП 8, Ренова 7 (-1), Струга ТЛ 7, Шкупи 5, Вардар 4 (-1), Борец 4, Силекс 3, Работнички 3, Шкендија 1.

ФОТО: П.Стојановски